
Во претходните три месеци дојде до значително поскапување на бананите во Црна Гора, како и на регионалните пазари.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во претходните три месеци дојде до значително поскапување на бананите во Црна Гора, како и на регионалните пазари.
Според податоците на трговските синцири, набавната цена на бананите во последните три месеци порасна за 50%.
Во моментов на светскиот пазар има голем недостиг на банани, поради елементарните непогоди и нестабилните политички ситуации во земјите кои се најголеми производители на банани.
На домашниот пазар малопродажната цена на бананите во претходните периоди достигна рекордна цена од 1,8 евра.
До зголемување на цената на бананите дојде непосредно по новата година. Главна причина се поплавите во Централна Америка, поради што е намалено количеството за извоз од тој пазар, изјавија од „Поп фрут", компанија која увезува овошје и зеленчук во Црна Гора.