
Од почетокот на јули минатата година, кога „Дон дон“ го презеде „Житопек“, новиот сопственик на поголемиот дел од компанијата вложи повеќе од два милиона евра во ремонт на стара и набавка на нова опрема за производство.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од почетокот на јули минатата година, кога „Дон дон" го презеде „Житопек", новиот сопственик на поголемиот дел од компанијата вложи повеќе од два милиона евра во ремонт на стара и набавка на нова опрема за производство.
Во погонот за производство на печива поставена е нова комора за ферментација, направена е комплетна реконструкција на погонот, проширени се рампите како и производствениот и магацински простор. Купивме нова рото-печка и отворивме десетина нови линии на испорака. Бројот на дневните производствени единици е зголемен за повеќе од 16.000 линиски парчиња леб и 13.500 парчиња во погон, изјави раководителот на производство во „Житопек" Емил Танацков.
Како што соопштуваат од компанијата, од минатата година досега „Житопек" ги унапреди и ги обнови малопродажните објекти, го подобри квалитетот на производите, квалитетот на доставата и односот со купувачите.
Досега е исполнето сè што е ветено – зголемено е производството, подобрен е квалитетот на производите, а асортиманот е проширен со дневно свежи специјални лебови и со нови производи. Во нашиот погон секојдневно се троши 20 тони брашно за производство на леб и печива, додаде Танацков.
Во соработка со граѓаните на Ниш, Градот и Клиничкиот центар беше организирана акција „Еден динар за инкубатор" во која се собираа средства за набавка на опрема за одделението неонтологија во Ниш. Од секој продаден бел леб и бел леб на парчиња, „Житопек" одвои по еден динар и во периодот од 1 декември до 31 март беа собрани 1,2 милиони динари. Со средствата купени се инкубатор и инфузиона пумпа.
Во наредниот период планираме вложување во квалитет, луѓе и во развој на асортиманот, воведување нови производи, зголемување на производството за 20 отсто и отворање нови малопродажни објекти. Сето ова ќе овозможи и нови работни места. Од почетокот на годината вработени се 15 нови луѓе, а во „Житопек" засега работат 130 вработени, соопштуваат од „Дон дон".