
Групацијата „Дон дон“ и компанијата „Меркатор“ потпишаа договор за купување на пекарницата „Гросупље“, што претставува важен чекор во консолидација на пекарската индустрија во Југоисточна Европа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Дон дон" и компанијата „Меркатор" потпишаа договор за купување на пекарницата „Гросупље", што претставува важен чекор во консолидација на пекарската индустрија во Југоисточна Европа.
Целта на оваа трансакција е подобрување на понудата на производи кои ќе им овозможат на потрошувачите подобар квалитет, разновидна и конкурентна понуда на леб и пекарски производи, се наведува во соопштението на компанијата.
Алеш Можетиќ, директор и косопственик на „Дон дон" изјави дека со склучувањето на овој договор компанијата стана најголема пекарска групација во регионот. Од економска гледна точка дополнителните вложувања во технолошкиот развој на пекарницата „Гросупље", претставуваат основа за понатамошен пораст и развој на групацијата „Дон дон" и пекарницата „Гросупље", додаде тој.
„Дон дон" работи во Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија, а досега во развој на оваа пекарска компанија вложени се над педесет милиони евра. Во нивниот асортиман се наоѓаат свеж леб и печива, како и специјални лебови и печива со продолжен рок на траење.
„Дон дон" почна со работа пред дваесет години во Метлика и стана успешен словенечки бренд.