
Годинава компанијата „Дон дон“, еден од лидерите во производство на пекарски производи, забележа рекорден откуп на пченица во погонот „Житопродукт“ – Зрењанин.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Годинава компанијата „Дон дон", еден од лидерите во производство на пекарски производи, забележа рекорден откуп на пченица во погонот „Житопродукт" – Зрењанин.
Како што е соопштено, до крајот на август 2016 година, примени се и откупени рекордни 38.000 тони во Зрењанин, што во споредба со минатата година забележано е зголемување за 50 отсто.
Верица Петров, главен технолог во „Житопродукт", истакнува дека пченичниот род од 2016 година според сите показатели е квалитетен и е сличен со родот од 2015 година.
Во „Житопродукт" месечно се сомелува до 5.500 тони пченица, од каде со брашно се снабдуваат сите производствени погони на компанијата. Во последните четири години откако „Житопродукт" е во составот на „Дон дон", компанијата повторно го освојува пазарот и станува носител на квалитет во пекарската индустрија, соопштуваат од компанијата.