
Пекарскaта компанија „Дон дон“ кон крајот на август доби зелено светло од Агенцијата за заштита на конкуренцијата за преземање на „Пекарна Гросупље“, а вчера е финализиран договорот за преземање.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Пекарскaта компанија „Дон дон" кон крајот на август доби зелено светло од Агенцијата за заштита на конкуренцијата за преземање на „Пекарна Гросупље", а вчера е финализиран договорот за преземање.
Според проценката на стручните лица, групацијата „Дон дон" со „Пекарна Гросупље" ќе оствари годишен промет од речиси 100 милиони евра и ќе стане еден од најголемите доставувачи на трговскиот синџир „Меркатор". „Дон дон" и „Меркатор" потпишаа договор кој е значаен чекор во консолидацијата на пекарската индустрија во Југоисточна Европа. Со оваа трансакција реализиран е еден од најголемите регионални пекарски бизниси, а целта е подобрена понуда на производи што на потрошувачите ќе им донесе подобар квалитет, разновидна и конкурентна понуда на леб и пекарски производи.
Алеш Можетич, директор и косопственик на групацијата „Дон дон" изјави дека оваа компанија, со склучувањето на договорот станува најголемата пекарска групација во регионот која работи во Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија, а досега во развој на компанијата вложени се повеќе од 50 милиони евра. Во нивниот асортиман достапни се свеж леб и печива, како и специјални лебови и печива со продолжен рок на траење.
„Дон дон" почна со работа во деведесетите години во Метлика со брендот Tvojih pet minuta со што стана успешен словенечки бренд. На пазарот во Хрватска влегува во 2003 година, а во 2008 година почна да работи и во Србија.