
Компанијата „Дон Дон“, што во јули стана сопственик на „Житопек“ најави ремонт на погонот и идни вложувања, со цел нишкиот гигант да се врати на лидерската позиција, што му припаѓа според неговата големина и потенцијал.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Дон Дон", што во јули стана сопственик на „Житопек" најави ремонт на погонот и идни вложувања, со цел нишкиот гигант да се врати на лидерската позиција, што му припаѓа според неговата големина и потенцијал.
При преземањето, „Дон Дон" најави дека ќе се реши од товарот од минатото, ќе го реновира погонот, ќе воведе нови линии и ќе почне со производство на нов асортиман, за што ќе вложи околу 1,5 милиони евра.
Милан Тодоровиќ, генерален директор на „Житопек", истакнува дека од средината на јули се работеше на ремонт на тунелските пекарници и монтажата на новата опрема, за веќе од средината на септември да се очекува зголемување на производството. До сега „Дон Дон" исплати 300.000 евра за заостанати заработки и долгови што „Житопек" ги имаше како доставувач, а 500.000 евра е вложено во отпремнини на работниците кои беа технолошки вишок.
Околу 400.000 евра е вложено во нова опрема. Завршивме комплетен ремонт на тунелската пекарница со број 4 и со број 2. Најсериозниот проект секако беше монтажата на најсовремената пекарница на пареа. „Житопек" е единствениот погон во системот „Дон Дон" што може да се пофали со овој вид на пекарница, истакна Тодоровиќ.
Паралелно со ова, монтирана е комора за ферментација, поставени се две нови делници и изградена е нова разладувачка комора со капацитет поголем од 250 квадратни метри. Завршена е санацијата на подовите во магацините и на истоварната рампа.
Во „Житопек" се соочивме со многу проблеми, а досегашните инвестиции изнесуваат околу 1,2 милиони евра, до крајот на годината „Дон Дон" ќе вложи околу 300.000 евра во погон и тоа во нови ИТ-системи, во проширување на капацитетот на магацинот на готови производи и во инфраструктурни работи што со години биле запуштени. Во исто време, почната е обнова на малопродажните објекти, завршени се погоните за производство на леб, но ни претстои инвестирање во погонот каде што се подготвуваат печивата, најавува Тодоровиќ.