
Според неофицијални информации на словенечкиот „Дневник“, пекарската компанија „Дон дон“ на Алеш Мозетиќ и хрватскиот „Франк“ на Милан Артуковиќ, преговараат за учество во купувањето на „Жито“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според неофицијални информации на словенечкиот „Дневник", пекарската компанија „Дон дон" на Алеш Мозетиќ и хрватскиот „Франк" на Милан Артуковиќ, преговараат за учество во купувањето на „Жито".

Најголемата пекарска компанија во Словенија се наоѓа во процес на приватизација. Ако сè оди според планот на продавачите (конзорциумот на јавни и приватни сопственици), обврзувачките понуди ќе стигнат кон крајот на јануари и почетокот на февруари, а „Жито" може да биде продаден оваа пролет.
Словенечкиот државен холдинг и уште шест фондови здружени во продажниот конзорциум, во септември минатата година ја отворија првата фаза од продажбата на 51,55% од акциите на љубљанскиот „Жито". Прехранбената компанија чија вредност во моментов, според тоа како котираат акциите на Љубљанската берза, изнесува 46,2 милиони евра.