
Со влезот на Хрватска во ЕУ на 1 јули, домашните производители ги чека приспособување на имињата на одредени производи според барањата на регулативите на ЕУ. Меѓу таквите е и домашниот рум на компанијата „Бадел 1862“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со влезот на Хрватска во ЕУ на 1-ви јули, домашните производители ги чека прилагодување на имињата на одредени производи според барањата на регулативите на ЕУ. Меѓу таквите е и домашниот рум на компанијата „Бадел 1862".
Досегашниот Badel domaći rum од 1-ви јули станува Badel Domaći, со оглед на фактот дека во ЕУ не постои специфична категорија „домашен рум", за разлука од веќе важечкиот правилник на Република Хрватска.
Од компанијата објаснуваат дека домашниот рум е силен алкохолен пијалак добиен со ароматизација на етил-алкохол од земјоделско потекло, обоен со минимална алкохолна јачина од 35% vol. Според регулативите на ЕУ, не постои можност за категоризација на производите со назив „рум" доколку суровините и технолошките постапки на производство не се според оние дефинирани за рум, што е случај со домашниот рум на „Бадел 1862".
Новиот назив ќе го следи и нова етикета на која се задржани традиционалните елементи од претходната етикета.