
Околу 70 хрватски производи, повеќето од прехранбениот сектор, покажаа интерес за учествување во долгорочниот проект за извоз на хрватските производи на пазарите во средна Европа преку дистрибутивните канали на „Орбико“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Околу 70 хрватски производи, повеќето од прехранбениот сектор, покажаа интерес за учествување во долгорочниот проект за извоз на хрватските производи на пазарите во средна Европа преку дистрибутивните канали на „Орбико".
Неговата визија е создавање канали по кои стоката, на најповолен начин, ќе циркулира во тој дел на Европа и така ќе стигне до повеќе од 68.000 продажни места.
За таа цел во „Орбико" е основан посебен оддел за извоз, а целта е силен поттик за извоз на хрватските производи, пред сè на пазарите во Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, каде што „Орбико" стана водечки дистрибутер.
Освен големите производители, како што се „Краш", „Подравка", „Бадел 1862" и „Сардина" за овој проект се заинтересирани многу мали и средни фирми, а сопственикот на „Орбико" Бранко Роглиќ особено е задоволен од одзивот на винарниците, за кои им предвидува успех на тие пазари.