
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во организација на амбасадата на Босна и Херцеговина, на 22 февруари одржана е презентација на прехранбените производи од Босна и Херцеговина наменета за претставниците на големиот синџир супермаркети „Лулу“. На пазарот на Соединетите Арапски Емирати овие производи ги пласира компанијата „Балкан Трејдинг“.
Во организација на амбасадата на Босна и Херцеговина, на 22 февруари одржана е презентација на прехранбените производи од Босна и Херцеговина наменета за претставниците на големиот синџир супермаркети „Лулу". На пазарот на Соединетите Арапски Емирати овие производи ги пласира компанијата „Балкан Трејдинг".
Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите Арапски Емирати, Александар Драгичевиќ беше домаќин на деловната средба и на презентацијата на компаниjата „АС груп", во која работат компаниите: „Сава семберија", „Воќар", „Клас", „Виспак", „Оаза", „Хепок", „Апеико" и други.
Амбасадорот Драгичевиќ во текот на средбата истакна дека Босна и Херцеговина има голем потенцијал во областа на прехранбената индустрија и нуди квалитетни и сертифицирани производи, како и дека е забележливо интересирањето на компаниите од САЕ за деловна соработка со БиХ.
Претставниците на компанијата „Лулу" изразија задоволство од претставениот квалитет на производите и покажаа интерес за сертифицирање на производите (особено за добивањето на сертификатот Халал), како и за карактеристиките на домашниот пазар.