
Управите на „Меркатор“ и „Агрокор“ денеска потпишаа договор за соработка, што ќе биде дел од договорот за продажба на поголемиот дел од хрватскиот трговец „Меркатор“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Управите на „Меркатор" и „Агрокор" денеска потпишаа договор за соработка, што ќе биде дел од договорот за продажба на поголемиот дел од хрватскиот трговец „Меркатор".
Според зборовите на претседателот на „Меркатор" Тони Балажиќ на конференцијата за новинари, Управата ја поддржува соработката доколку е во прашање меѓународен капитал, а не долг, доколку банките го поддржуваат процесот и доколку стратегијата на „Меркатор" го овозможува развојот. Мислиме дека со овој договор тоа е обезбедено и дека ќе можеме да се насочиме на нашата основна дејност, а тоа е трговијата, истакнува тој.
Балажиќ зборуваше и за договорот за соработка со управата на „Агрокор" што денес треба да биде потпишан.
Тој не ги откри деталите за договорот, но кажа дека тој му овозможува на „Меркатор" да го задржи седиштето на компанијата во Словенија и трговските марки на оние пазари каде што е добро позициониран, додавајќи дека и понатаму ќе го почитува колективниот договор, а дека управувањето на претпријатието ќе се одвива преку транспарентно и професионално водење. Сметаме дека го осигуравме интересот на начин да ги заштитат сите акционери и вработени, како и доставувачите, додаде Балажиќ.