
Во рамките на програмата „За жените во науката“ на „Лореал“ - УНЕСКО, доделени се три стипендии на млади жени научници од Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамките на програмата „За жените во науката" на „Лореал" - УНЕСКО, доделени се три стипендии на млади жени научници од Србија.
Тие се наградени за своите исклучителни научно-истражувачки трудови во областите: органометална хемија, молекуларна микробиологија и фармацевтска хемија, а стипендиите се наменети за научни истражувања што ќе бидат спроведени во Србија.
Програмата за Националните стипендии „За жените во науката" во Србија, како дел од истоимената меѓународна програма, беше лансирана во 2010 година во соработка со Националната комисија за соработка со УНЕСКО, Министерството за просвета, наука и технолошки развој и компанијата „Лореал Балкан". Оттогаш секоја година се доделуваат три стипендии во вредност од 5.000 евра, како поддршка за младите, талентирани и посветени жени со цел унапредување на нивните научно-истражувачки трудови. Досега, во рамките на оваа иницијатива наградени се 20 жени-научници, истакнаа на денот на доделувањето на стипендиите.