
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По успешно спроведениот процес на сертификација, на компанијата „Дукат" службено ѝ е доделен Халал сертификатот, со кој се потврдува имплементацијата на Халал стандардот во процесот на набавка, прием и складирање на суровините, производство, пакување, означување, складирање и дистрибуција.
Сертификатот го додели раководителот на Центарот за сертификација на Халал квалитетот, Исламската заедница во Хрватска, Алдин Дугоњиќ, кој им се заблагодари и им честита на Управата и на вработените во фирмата за препознавањето на потенцијалот на пазарот Халал, како и за барањата на потрошувачите за дополнителниот квалитет. Сертификатот го примија Горан Нидоган, директор за квлитетот на фирмата и Енвер Шишиќ, директор на фабриката „Дукат" во Загреб.
Воведувањето на Халал стандардот е уште една потврда за трајната вредност на квалитетот и одличноста на „Дукат" во сите сегменти на работењето и подготвеноста на компанијата да ги задоволи барањата на потрошувачите, рече Шишиќ.
На сертификацијата ѝ претходеше прилагодување на деловните процеси, за производите да одговараат на Халал стандардот, како и едукација на 19 вработени во „Дукат", кои се задолжени за имплементација и одржување на стандардот и квалитетот.
Со ова на „Дукат" им се отвора дополнителна можност за извоз во 44 арапски земји со повеќе од 1,5 милијарди жители, чија законска регулатива бара Халал сертификација. Дополнително расте и пазарот Халал во Европската унија, а неговата вредност достигнува 66 милијарди долари годишно. Овој сертификат е потврда за квалитетот на производите (таквата храна не смее да содржи ГМО), па нивната побарувачка е важна и меѓу потрошувачите кои не се од исламска вероисповест.