
Главното обележје на објавените резултати од работењето на групацијата „Подравка“ што беше прифатено и од Надзорниот одбор е дека резултатите и во вториот квартал од оваа година се во согласност со планските очекувања.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Главното обележје на објавените резултати од работењето на групацијата „Подравка" што беше прифатено и од Надзорниот одбор е дека резултатите и во вториот квартал од оваа година се во согласност со планските очекувања.
Вкупните приходи од продажба изнесуваат околу 213 милиони евра, од што приходите од продажбата на храна и и пијалаци се околу 163 милиони евра, а приходите од продажбата на фармацевтски производи околу 49 милиони. Оперативната добивка (ЕБИТ) во првата половина од годината е околу 7 милиони евра, а остварената добивка е околу 3,3 милиони евра.
И покрај слабата куповна моќ и намалувањето на цената на лековите на хрватскиот пазар, како и негативното влијание на курсот на резултатите на странските пазари, особено на рускиот, задоволни сме што успеваме да го задржиме ритамот во остварувањето на плановите и резултатите во првото полугодие од оваа година. И понатаму ќе ја јакнеме нашата пазарна позиција и ќе ја подобруваме конкурентноста на компанијата, затоа што досегашните потези потрврдуваат дека се движиме во вистинската насока, истакна Звонимир Мршиќ, претседател на Управата на „Подравка".
| Во првата половина од оваа година „Подравка" го продолжи процесот на реконструкција со затворање на нископрофитабилниот сегмент на пекарството, а кон крајот на минатата година компанијата излезе од сегментот на свежо месо и смрзната храна, што ќе влијае за дополнително подобрување на профитабилноста во периодот што следува. Во споменатиот период, вреди да се истакне и признанието „Best Menaged Company in CEE"на списанието „Еуромани". Деловното водење на „Подравка", што го анализираше посебен експертски тим под покровителство на „Еуромани" беше оценето со високи оцени, а заклучокот беше дека „Подравка" оствари најголем напредок од сите компании во средна и источна Европа. Во анкетата учествуваа аналитичари од водечките меѓународни банки и институции. |