
Компанијата „13. јул - Плантаже“ го претстави финансискиот извештај за 2017 година, истакнувајќи дека остварената добивка за минатата година е 2,4 милиони евра, што е за 5% повеќе од 2016 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „13. јул - Плантаже" го претстави финансискиот извештај за 2017 година, истакнувајќи дека остварената добивка за минатата година е 2,4 милиони евра, што е за 5% повеќе од 2016 година.
Според извештајот во 2017 година компанијата произвела повеќе од 14 милиони килограми винско грозје, повеќе од два милиони килограми трпезно грозје, повеќе од еден милион килограми праски, 66 тони риба и 15,5 милиони единици готов производ - вино и ракија.
Според извршниот директор на компанијата, Верица Мараш, компанијата остварила приходи во износ од 30,5 милиони евра и во споредба со приходите од 2016 година, зголемени се за 5%. Приходите од продажбата на странските пазари изнесуваат 14,6 милиони евра и се помали за 4%, што е резултат на застојот во извозот на рускиот пазар и финансиската криза во „Агрокор".
Планираните инвестиции за 2017 година изнесуваа 9,3 милиони евра, од кои договорени се 7 милиони евра, обезбедени од инвестициски кредити. И годинава, компанијата се грижеше за вработените преку подобрување на условите за работа, едукација на вработените, социјална политика и сл. Просечната нето-заработка на постојано вработен во компанијата за годинава изнесува 649,73 евра и е на исто ниво како минатогодишната. Во компанијата постојано вработени се 658 луѓе, истакна Мараш.