
Компанијата ДМ во деловната 2013 година, на српскиот пазар, забележа пораст на прометот од 21,85% споредено со претходната година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата ДМ во деловната 2013 година, на српскиот пазар, забележа пораст на прометот од 21,85% споредено со претходната година.
Успешната деловна политика на компанијата ДМ резултираше со продолжување на позитивниот деловен тренд и со тоа се зацврсти и понатамошното зајакнување на ДМ на дрогерискиот пазар во Србија, порачуваат од компанијата.
Од октомври 2012 година до септември 2013 година, компанијата отвори девет нови објекти, со што нејзината деловна мрежа сега брои 51 објект, и вработила повеќе од 50 нови луѓе, со што бројот на вработени се зголемил на 375.
Компанијата ДМ забележала успешен развој на работењето во цела Европа, во која во истиот период, во 2.893 објекти во 13 држави е остварен рекорден промет од над 7,6 милијарди евра.