
Со пораст на бруто-прометот од 18 отсто, на повеќе од 5,8 милијарди динари, „дм дрогерие маркт“ во Србија, веќе трета година по ред бележи двоцифрен пораст, наспроти стагнацијата на пазарот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со пораст на бруто-прометот од 18 отсто, на повеќе од 5,8 милијарди динари, „дм дрогерие маркт" во Србија, веќе трета година по ред бележи двоцифрен пораст, наспроти стагнацијата на пазарот.
Продажната мрежа покрива 22 града во Србија со 62 продажни места. Во деловната година (од 1.10.2014 до 30.09.2015 година), компанијата отвори 67 нови работни места, со што вкупната бројка на вработени достигна 556 луѓе. Истовремено, „дм дрогерие маркт" во Европа оствари рекорден бруто-промет од 9,1 милијарда евра.
Во својата понуда трговецот има повеќе од 13.000 производи, вклучувајќи голем избор на приватни трговски марки, со повеќе од 3.000 производи од сегментот убавина, природна козметика, лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња, па сé до био производи и производи за домашни миленичиња.
Секогаш настојуваме да ги следиме и да реагираме на потребите на нашите купувачи, за да им овозможиме понуда на комплетен асортиман, како и квалитетна услуга во продажните објекти. Како доказ на ова се задоволните купувачи чија бројка достигна седум милиони, што минатата година ги посетија продавниците на „дм дрогерие маркт", соопштуваат од компанијата.