
Управата на ДМ минатата недела ги претстави резултатите за деловната година 2012-2013 на хрватскиот пазар, каде уделот на овој трговец на пазарот на дрогериски прозиводи изнесува 25,84%.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Управата на ДМ минатата недела ги претстави резултатите за деловната година 2012-2013 на хрватскиот пазар, каде уделот на овој трговец на пазарот на дрогериски прозиводи изнесува 25,84%.
Континуираната експанзија и насоченоста кон усовршување на асортиманот што на купувачите им овозможува поздрав и поквалитетен живот, на ДМ му осигураа место на пазарен лидер. Бизнис-резултатите на ДМ во изминатата деловна година се резултат на нашата 40 годишна традиција. Денес, исто како пред четири децении сме свесни дека усогласувањето на дејноста со повратните информации од купувачите е клуч за успешно работење, нагласи Мирко Мракужиќ, директор на ДМ.
Благодарение на повеќе од 80.000 купувачи кои го посетуваат ДМ, во минатата година компанијата оствари вкупен промет во износ од 260 милиони евра. Во деловната 2012-2013 година, ДМ инвестираше повеќе од 5,64 милиони евра, а голем дел е инвестиран во отворање нови продавници и подернизација на постоечките. Денес, ДМ има 152 продавници во 60 хрватски градови, а во девет од нив работат и одделенија за безрецептни лекови и медицински производи. Во изминатата деловна година се отворени 42 нови работни места.