
Синџирот на дрогерии дм ги претстави делoвните резултати за 2014 и 2015 година во Хрватска и БИХ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Синџирот на дрогерии дм ги претстави делoвните резултати за 2014 и 2015 година во Хрватска и БИХ.
Хрватска
На хрватскиот пазар трговецот оствари промет од 257,5 милиони евра, а уделот на вкупниот пазар на дрогерии достигна 26,78 отсто.
Дм и понатаму е лидер на пазарот на дрогериски производи. Во модернизсција и квалитативно ширење на нашите продажни мрежи, засега 154 продавници, инвестиравме околу 4,12 милиони евра, истакна Мирко Мракужиќ, директор на дм.
| Истражување ИПСОСГодишното истражување на Ipsos puls (N=500, октомври 2015 година) покажа дека граѓаните во дм најчесто купуваат козметички производи. Производите од приватната трговска марка на дм ја купуваат 88 отсто од испитаниците, а 63 отсто ги истакнуваат цената и квалитетот како причини за лојалност на дм. Истражувањето покажа како ја истакнуваат како угледна компанија која нуди пријатно искуство за купување. |
Како што истакнуваат од компанијата, минатата година посебен акцент беше ставен на развојот на концептот „Добри цени во секое време", што на купувачите им гарантира дека цените на производите нема да се менуваат во текот на четири месеци.
Во деловната 2015/2016 година, во која се одбележуваат 20 години работење во Хрватска, дм ќе инвестира околу 6,5 милиони евра, а бројот на објекти е зголемен на 160.
БИХ
Наспроти бројните економски и социјални предизвици во Босна и Херцеговина, компанијата дм во минатата година оствари вкупен промет од 58,4 милиони евра, што во споредба со резултатите од претходната деловна година претставува пораст од 9,4 отсто. Вкупно се инвестирани околу 2,14 милиони евра.
Дм во БИХ работи девет години, а денес брои повеќе од 490 вработени и 58 објекти. Годинава дм реновираше пет продавници во согласност со европските стандарди, а продажната мрежа ја прошири со нови продавници во Бања Лука, Горажде и Томиславград. Во текот на деловната година вработени се 32 луѓе.
Особено внимание посветуваме на тоа купувачите, како и вработените и партнерите во дм да бидат задоволни, бидејќи сме свесни дека нивното задоволство е клуч за остварување на целите и успесите. Во наредната година целта на дм е инвестиција од 3,8 милиони евра во унапредување на работењето и различните општествено одговорни проекти, рече директорот на дм Дамир Шлосел.