
По повеќегодишните интензивни работи на вработените во фабриката „Дита“, завршена е изградбата и санацијата на параводот, што е неопходно за производство на прашестите детергенти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По повеќегодишните интензивни работи на вработените во фабриката „Дита", завршена е изградбата и санацијата на параводот, што е неопходно за производство на прашестите детергенти.
Направена е првата ладна проба, а наскоро се очекува да се заврши и топлата проба, по што се очекува почетокот на производството.
Слично како со производството на детергентот 3D, и овој пат остваривме соработка со компанијата „Бинго" која ни обезбеди суровини за производство на 100 тони од детергентот Arix tenzo. До 15 декември првите количества од овој детергент треба да се најдат на полиците на „Бинго", изјави Џевад Мехмедовиќ, претседател на синдикатот „Дита".
Бидејќи погоните за производство на прашести детергенти не работеа четири години, во фабриката се очекуваат проблеми поради пукање на цевките. Сепак, како што истакнува Мехмедовиќ, во наредните два месеца во фабриката остануваат и двајца заварувачи од „Умел" за да ја следат ситуацијата.