
„Делта холдинг“ најави дека дистрибутивниот центар на „Делта ДМД“ во Стара Пазова, во кој е вложено 10,2 милиони евра, ќе почне со работа во февруари, додека во март ќе биде потполно функционален.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Делта холдинг" најави дека дистрибутивниот центар на „Делта ДМД" во Стара Пазова, во кој е вложено 10,2 милиони евра, ќе почне со работа во февруари, додека во март ќе биде потполно функционален.
Површината на објектот е 20.400 квадратни метри со можност за доградба во втората фаза на уште 14.500 квадратни метри. Комплексот ќе има 26.000 палетни места и 30 рампи за утоварање. За функционалноста на објектот компанијата ќе вработи 200 работници.
Според зборовите на Дејан Јеремиќ, извршен потпретседател на „Делат холдинг", минатата година транспортната индустрија имаше најголем пораст, а се очекува реализирање на амбициозни планови и во наредната година.
Во вкупниот промет на „Делта холдинг" во 2014 година, „Делта ДМД" учествуваше со 22%, а оперативниот профит пред амортизација на ЕБИТДА достигна 683 милиони динари. Ова претпријатие забележа пораст на прометот од 5,1 %, а минатата година пртфолиото се прошири за уште три бренда: Fruvita, Sinalcoi Aquarius.