
„Диона“ со компаниите „Рибола“ и „Гаврановиќ“ во рамките на планот за реструктуирање, постигна договор за пренос на трговското работење во Далмација и во централна Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Диона" со компаниите „Рибола" и „Гаврановиќ" во рамките на планот за реструктуирање, постигна договор за пренос на трговското работење во Далмација и во централна Хрватска.
Со овој договор продажните места на „Диона", заедно со вработените во наведените региони, ќе бидат преземени од страна на „Рибола" и „Гаврановиќ", додека „Диона" ќе продолжи со консолидација на работењето и со фокусирање на активностите на подрачјето на најголемиот развоен потенцијал.
Со овој договор го пренесовме работењето во 42 продавници и сме задоволни што успеавме да обезбедиме континуитет кај повеќето наши вработени во регионите Далмација и средниот дел на Хрватска. Се работи за стабилни, растечки компании, со исклучително регионални карактери. Од друга страна, со остварената вредност на трансакцијата, „Диона" ќе го подобри билансот и ќе ја намали изложеноста кон доставувачите, порачаа од „Диона".