
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Семејството Гавриловиќ, сопственик на продавниците „Диона“ престана да произведува свежо месо, па отсега ќе произведува исклучиво месни преработки, а во „Диона“ ќе се продаваат производи од ПИК, во сопственост на семејството Тодориќ.
Семејството Гавриловиќ, сопственик на продавниците „Диона" престана да произведува свежо месо, па отсега ќе произведува исклучиво месни преработки, а во „Диона" ќе се продаваат производи од ПИК, во сопственост на семејството Тодориќ.
Дуро Гавриловиќ и Ивица Тодориќ повторно соработуваат по пет години, па отсега во продавниците „Диона" ќе се наоѓа свежото месо на ПИК, а производите на „Гавриловиќ" ќе се најдат во продавниците „Конзум".
Гавриловиќ соопшти дека се повлекува од производството свежо месо и дека ќе се фокусира само на производство на месни преработки.