
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Србија (SIEPA) по петти пат организира настап на српските претпријатија на еден од водечките саеми во прехранбената индустрија, „Фудекс“ Јапонија 2013 година, што се одржува од 5 до 8 март 2013 година во Токио.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Србија (SIEPA) по петти пат организира настап на српските претпријатија на еден од водечките саеми во прехранбената индустрија, „Фудекс" Јапонија 2013 година, што се одржува од 5 до 8 март 2013 година во Токио.
Оваа година, на националниот штанд на Србија, своите производи ги претставуваат девет српски извозници на свежо, замрзнато и сушено овошје, како и произведувачи на овошје, што е најголемиот број досега: „Агранела", „Агропартнер", „Подрум Александровиќ", „Пацком Интернационал", „Фрувела", „Лукова", „Сицкобери", млекарницата „Шабац" итн.
Србија во Јапонија покрива речиси 25% од вкупниот пазар на замрзнати малини, наведуваат во соопштението од SIEPA.
„Фудекс" се одржува повеќе од 30 години и претставува еден од најзначајните саеми во областа на прехранбените производи на пазарот на Далечниот Исток. Во 2012 година на саемот учествуваа повеќе од 2.250 изложувачи, од над 60 земји, додека саемот го посетиле повеќе од 70.000 стручни посетители.