
Жителите на Пожаревац и Велика Плана, во соработка со брендот Nivea и локалната самоуправа, се изборија за нови безбедни оази за игра и поубаво растење на најмалите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Жителите на Пожаревац и Велика Плана, во соработка со брендот Nivea и локалната самоуправа, се изборија за нови безбедни оази за игра и поубаво растење на најмалите.
Во октомври 2013 година од компанијата „Баерсдорф" потенцираа дека има многу игралишта кои треба да се обноват, затоа во рамките на кампањата на Nivea „Каде ни растат децата" почна опремување и средување на детските игралишта.
Во соработка со родителите и надлежните институции, отворени се нови оази за игра и безбедно растење на децата. Низ Србија почнаа да се обновуваат многу игралишта, а последните две ги израдуваа децата од Пожаревац и од Велика Плана. Но, како што истакнуваат од „Баерсдорф" кампањата на Nivea не престанува тука.
Ова е победа на граѓаните кои создадоа страница и движење „Каде ни растат децата". Ние ги поддржавме и помогнавме да се слушне нивниот глас. Овој позитивен пример на граѓанска иницијатива и сложност, кој го красат нови игралишта, е повик и за другите локални заедници кои со здружени сили можат да создадат услови за игра. Нам ни останува, во соработка со градските институции, здружено да се овозможи изградба, ренoвирање и опремување на што е можно повеќе игралишта, рече Даниела Гвоздениќ, маркетинг-менаџер на брендот Nivea.
Како што соопштија од компанијата, овие игралишта, како и сите наредни што Nivea заедно со граѓаните ќе продолжи да ги отвора, ги исполнуваат највисоките српски и европски стандарди за безбедност на детските игралишта, односно избор на реквизити и сигурносни подлоги.