
Членовите на Надзорниот одбор на акционерското друштво „Жито“ ги соопштија неревидираните резултати од работењето во 2014 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Членовите на Надзорниот одбор на акционерското друштво „Жито" ги соопштија неревидираните резултати од работењето во 2014 година.
Друштвото оствари 113,7 милиони евра чисти приходи од продажбата, 3,7 милиони евра профит од работењето и добивка во износ од околу 3 милиони евра. Од групацијата изјавуваат дека очекуваниот профит изнесува 2,3 милиони евра, со што остварениот резултат го надмина очекуваниот за 32%.
Во споредба со 2013 година, подобрени се сите резултати во работењето. Во оваа година, друштвото оствари приходи од продажбата во износ од 106,4 милиони евра, профит од работењето во износ од 2,9 милиони евра и профит од 2,3 милиони евра.
Групацијата на домашниот пазар оствари 81% приходи од продажбата, а на странските 19%. Извозот порасна за 18,6%, што ги надминува планираните цели и на тоа поле.
На седницата е потврден мандатот на тројца членови на Управата, на кои функцијата им истекува на 18 мај 2015 година, а траењето на нивните мандати е изедначено со мандатот на претседателот на Управата Јанез Бојц, кој истекува на 14 јули 2017 година.
Бојц изрази задоволство од резултатите и додаде: Фокусирани сме на нашето примарно работење, на зголемување на извозот и на бројот на нашите купувачи. Така успеавме да ги постигнеме најдобрите резултати во последните неколку години и тоа покрај процесот на продажбата на поголемиот дел на акциите на „Жито".