
Компанијата „Делез“ во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора по втор пат распиша конкурс за програмата „Ритеил менаџмент тренинг“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Делез" во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора по втор пат распиша конкурс за програмата „Ритеил менаџмент тренинг".
Станува збор за развојната програма што трае две години и наменета е за младите кои немаат претходно работно искуство, а имаат желба да работат и својата кариера да ја градат во продажбата, обучувајќи се и работејќи на позицијата раководител на смена, заменик на раководителот и раководител на малопродажниот објект, стои во соопштението на компанијата.
Програмата почнува во јули, а избраните кандидати од првиот ден на програмата ќе бидат во платен работен однос. По две години запознавање со сите сегменти на малопродажбата, на кандидатот му се нуди можност за продолжување на кариерата во секторот операција или во другите сектори каде што ќе се јави потреба од нов кадар, објаснуваат во компанијата.
| Програмата „Ритеил менаџмент тренинг" на групацијата „Делез" секоја година се распишува на сите пазари каде што работи. Целта на програмата е да се врати фокусот на продажбата како прв синџир во комуникацијата со потрошувачите и младите, талентираните и амбициозните луѓе да добијат шанса да стекнат искуство на местото на продажбата. „Делез" сака идните менаџери и лидери на компаниите да имаат искуство со директната продажба во малопродажбата, бидејќи со подобро разбирање на суштината на работата може да донесат поквалитетни одлуки и подобро да управуваат со компанијата. |
Од компанијата потсетуваат дека мината година избрани се вкупно 12 кандидати што сè уште се во програмата.