
Компанијата „Делез“ – Србија најави дека во понеделник, на 25 февруари, ќе го отвори првиот објект од новиот формат „Шоп&Го“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Делез" – Србија најави дека во понеделник, на 25 февруари, ќе го отвори првиот објект од новиот формат „Шоп&Го".
Продавницата се наоѓа во белградската општина Звездара.
Како што најавија од компанијата, станува збор за формат што ќе ги замени сите продавници „Мини Макс", кои ги има вкупно 197. Сите постоечки продавници „Мини Макс" отсега ќе работат под името „Шоп&Го", наведуваат од „Делез" во соопштението.