
Белгискиот трговски синџир „Делез“ не планира да се повлекува од Србија и во оваа година ќе продолжи со реновирање на своите продажни објекти, изјави за „Бета“ генералниот директор на компанијата „Делез“- Србија, Џон Кирицис.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Белгискиот трговски синџир „Делез" не планира да се повлекува од Србија и во оваа година ќе продолжи со реновирање на своите продажни објекти, изјави за „Бета" генералниот директор на компанијата „Делез"- Србија, Џон Кирицис.
Намерата на „Делез" е да биде број еден на сите пазари каде што работи. Во тоа не успеавме во Црна Гора, Бугарија, Албанија и БиХ. Тие пазари бараа премногу труд, а бидејќи тоа не е исплатиливо, се повлековме и одлучивме да останеме фокусирани на Србија, изјави Кирицис.
Според неговите зборови, најдобар доказ дека „Делез" не се повлекува од Србија е неодамна отворениот дистрибутивен центар во Стара Пазова, вреден 50 милиони евра. Тој нагласи дека во 2014 година „Делез" отвори девет нови објекти во Србија – еден „Темпо" во Шабац, седум продавници „Макси" и една „Шоп & го", а реновирани се 38 објекти.
Во прилог на тоа дека не се повлекуваме од пазарот во Србија говори и тоа дека ребрендиравме 150 продавници „Мини макси" во објекти „Шоп & го", а во јануари ќе ги ребрендираме и останатите 40 објекти од овој формат, додаде тој.
Тој нагласи дека компанијата работи во тешко економско окружување, но според него доаѓањето на нови трговски синџири во Србија нема да влијае на намалувањето на цените на производите во трговските објекти.