
Трговскиот синџир „Делез“- Србија планира во текот на 2014 година во Србија да реализира нови инвестиции и да отвори од 10 до 20 нови објекти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Делез"- Србија планира во текот на 2014 година во Србија да реализира нови инвестиции и да отвори од 10 до 20 нови објекти.
Како што за „Танјуг" информира генералниот директор на компанијата, Џон Кирицис, во план е вработување на околу 600 нови работници. Коментирајќи ја можноста за пристигнување на нови трговски синџири, Кирицис рече дека е добро кога постои конкуренција и кога доаѓаат нови играчи, бидејќи тоа ќе донесе подобри услови за потрошувачите, а цените ќе бидат поповолни. Не ѝ се плашиме - ја сакаме, бидејќи таа влијае за подобрување на тргувањето и нè поттикнува да работиме повеќе и подобро, рече Кирицис.
Тој додава дека „Делез" има намера да остане на српскиот пазар, бидејќи Србија за оваа компанија претставува стратешки пазар, со голем потенцијал за пораст. Најдобар доказ за тоа е изградбата на новиот дистрибутивен центар во Стара Пазова.
Кирицис оценил дека е многу задоволен од тргувањето во Србија, но „Делез" не успеал да ги оствари очекуваните резултати, поради кризата во којашто се наоѓа земјата. Сепак постигнавме пораст, на овој пазар сме лидери и задоволни сме, оценува тој.
„Делез" во моментов има околу 11.000 вработени и тргува со 380 малопродажни објекти, од рангот на „Макси супермаркет", „Мини Макси", „Темпо", „Темпо Експрес" и „Шоп & Гоу".