
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најмодерниот дистрибутивен центар на „Делез“ - Србија, во кој компанијата вложи 50 милиони евра, свечено е отворен на 18 ноември во Стара Пазова. Во присуство на официјални лица од политичкиот живот, како и во присуство на Џон Кирицис, генералниот директор на „Делез“ – Србија и Франс Милер, генералниот директор на групацијата „Делез“, претставен е објектот што се простира на 70.000 квадратни метри и што по своите карактеристики претставува единствен систем за дистрибуција во Србија.
Најмодерниот дистрибутивен центар на „Делез" - Србија, во кој компанијата вложи 50 милиони евра, свечено е отворен на 18 ноември во Стара Пазова. Во присуство на официјални лица од политичкиот живот, како и во присуство на Џон Кирицис, генералниот директор на „Делез" – Србија и Франс Милер, генералниот директор на групацијата „Делез", претставен е објектот што се простира на 70.000 квадратни метри и што по своите карактеристики претставува единствен систем за дистрибуција во Србија.
Настанот на кој присуствуваме е од клучно значење за секторот трговија со стока за широка потрошувачка во Србија. Ова е потврда на нашата стратешка определеност за развој на пазарот во Србија, вложувањата во постојан пораст и ширење на деловната мрежа, како и одговорно работење на нашата компанија во сите сегменти. Од работењето на дистрибутивниот центар „Делез" корист имаат сите, државата и општеството, Стара Пазова, ние како компанија и пред сè потрошувачите, истакна Џон Кирицис, генерален директор на „Делез" – Србија.
Во дистрибутивниот центар, кој е изграден за 14 месеци, работа ќе најдат 750 луѓе, а до крајот на 2014 година ќе бидат вработени 400 луѓе. Секој ден ќе се испорачуваат по 6.500 палети, количество стока доволно за снабдување на 500 продавници. Дневно од овој објект можат да циркулираат околу 250 шлепери.
Новиот систем на дистрибуција ќе овозможи поголема безбедност и квалитет на производите наменети за крајните потрошувачи. Тоа што е важно за овој проект е меѓународното искуство и знаење кои ги имаме во оваа област и ги пренесуваме на српскиот пазар, така што го продолжуваме работењето според највисоките стандарди. Центарот во Стара Пазова е проект што ќе допринесе за посилно поврзување на групацијата со српскиот пазар. Одржливото работење е нашата стратешка определба, истакна претседателот и генералниот директор на групацијата „Делез", Франс Милер.
| БРОЈКИ:Вредност на инвестициите: 50милиони евраДневна испорака на 6.500 палети 120 места за утоварање-истоварањеДневно околу 250 шлепери ќе можат да бидат примени и испратени.До крајот на 2014 година ќе бидат вработени 400 луѓе. |