
Компанијата „Делез груп“ може да почне со преговори за купување на 16,26% од вкупно регистрираниот капитал на маркетите Ц, соопштуваат од Агенцијата за приватизација.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Делез груп" може да почне со преговори за купување на 16,26% од вкупно регистрираниот капитал на маркетите Ц, соопштуваат од Агенцијата за приватизација.
Тендерската комисија што го следи спроведувањето на јавниот тендер за продавање на овие маркети ја одобри одлуката на Агенцијата за приватизација за оценката на понудата на „Делез" и донесе одлука за започнување на преговори со понудувачот, се наведува во соопштението.
Комисијата за преговори ќе се формира во рок од седум дена од донесувањето на одлуката на Тендерската комисија за започнување преговори со единствениот учесник на тендерот, што е во согласност со продажбата на капитал и имот на јавен тендер.
Во рок од 60 дена од денот на формирање на Комисијата за преговори, Тендерската комисија, од страна на ова тело ќе даде предлог дали да се одобри заклучувањето на договорот за продажба со белгискиот „Делез", кој минатата година го купи домашниот трговски синџир „Макси".