
Компанијата „Делез“-Србија е добитник на сертификатот CO2 за ефектот од намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата врз основа на пласираните и рециклираните количества амбалажен отпад во 2015 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Делез"-Србија е добитник на сертификатот CO2 за ефектот од намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата врз основа на пласираните и рециклираните количества амбалажен отпад во 2015 година.
Како што е соопштено, по повод 20. годишнината од работењето, компанијата „Секопак" на претставниците на „Делез" им додели признание кое претставува потврда за заложбите и активностите на компанијата за заштита на животната средина.
Одржливоста и зачувувањето на животната средина е важен дел во стратегијата на работењето на нашата компанија. При секојдневните активности водиме сметка за сите сегменти што влијаат на заштитата на околината. Во минатите години рецеклирани се 4.600 тони картон и хартија, со што се спасени повеќе од 78.000 дрва, изјави Бојана Периќ, менаџер за заштита на животната средина во „Делез".
Во текот на минатите години „Секопак" собра 464 клиенти и благодарение на управувањето со амбалажа и амбалажен отпад, заедно со нив, успеа да ја намали емисијата за 24.000 тони јаглерод диоксид.