
Минатата недела, во посета на „Подравка“ во Копривница, беше висока делегација од амбасадата на САД во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата недела, во посета на „Подравка" во Копривница, беше висока делегација од амбасадата на САД во Хрватска.
Компанијата ја посетија амбасадорката, Јулија Валс Нојс, и директорот на бизнис-одделот во амбасадата, Дамјан Бенчиќ. Звонимир Мршиќ, претседател на управата на „Подравка" и Оливија Јакупец, член на управата, го претставија работењето на групацијата, при што гостите имаа можност одблиску да се запознаат со значајните проекти што го одбележаа работењето, производствениот асортиман, производствените капацитети и со развојните планови за наредниот период.
Делегацијата имаше можност да се запознае и со производството на познатата Vegeta, при посетата на фабриката за производство на Vegeta и јадењата на „Подравка". Овој бренд се извезува во 40 земји во светот, а достапен е и во САД.