
Поминаа 10 години откако „Туш“ во Целје го отвори првиот, концепциски потполно нов тип на продажен центар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Поминаа 10 години откако „Туш" во Целје го отвори првиот, концепциски потполно нов тип на продажен центар.

Во „Планет Туш" во Целје, првпат се здружени купувањето и кинематографијата, а подоцна и забавата и куглањето.
„Планет Туш" во Целје се простира на површина од 30.000 квадратни метри, а покрај супермаркетот „Туш" се наоѓаат бројни модни и спортски продавници, дрогерии и сл. На љубителите на филмот на услуга им стојат осум кино-сали, а 80 луѓе можат истовремено да играат на 14 современи патеки за куглање.
Просторот за куглање навечер се претвора во простор наменет за концерти и забави. Во викендите посетителите имаат можност да уживаат во понудата на домашни јадења. За најмладите постои детско катче „Осларија", каде што можат да си играат и да ги прославуваат своите родендени.