
Собранието ан Црна Гора го поддржа владиниот предлог за зголемување на данокот на додадена вредност од 17% на 19%. За зголемување на стапката на 18-ти јуни гласаа 42 пратеници, додека 34 беа против.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Собранието ан Црна Гора го поддржа владиниот предлог за зголемување на данокот на додадена вредност од 17% на 19%. За зголемување на стапката на 18-ти јуни гласаа 42 пратеници, додека 34 беа против.
Министерот за финансии Радоје Жугиќ смета дека зголемувањето на ДДВ-тои е предложено поради буџетскиот дефицит, односно дисбалансот помеѓу јавните приходи и расходи. Тој додаде дека поради економската криза постои можност да се доведе во прашање и ликвидноста на државата.
Сепак, тој се надева дека ова зголемување ќе биде од привремен карактер.