
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претседателот на Управата на „Конзум“ Дарко Кнез, ги презентираше новите стандарди во работењето на „Конзум“. Во рамките на претставувањето, Кнез ја нагласи успешната интеграција на „Меркатор“ во работењето на „Конзум“ во Хрватска.
Претседателот на Управата на „Конзум" Дарко Кнез, ги презентираше новите стандарди во работењето на „Конзум". Во рамките на претставувањето, Кнез ја нагласи успешната интеграција на „Меркатор" во работењето на „Конзум" во Хрватска.
По преземањето на првата продавница „Меркатор" на 9 септември 2014 година, во наредните три недели „Конзум" интегрираше 73 продавници на „Меркатор", едно складиште и два големопродажни центра. На овој начин „Конзум" презеде 133.953 квадратни метри продажен простор. Фокусот во интеграцијата беше насочен на ребрендирањето, приспособувањето на информатичките системи, префрлување на централниот систем на набавка, како и на имплементација на програмата на „Конзум" за наградување на лојалноста на купувачите. Менторските тимови вработени во „Конзум" дополнително дадоа поддршка и пренос на знаења, стандарди и процедури на сите нови работници.
Речиси година по интеграцијата на „Меркатор", „Конзум" бележи одлични резултати во сите преуредени продавници на „Меркатор". Иако во овие продавници претходно бил забележан негативен тренд со просечен пад од 17 отсто во однос на истиот период претходната година, во јуни 2015 година тие продавници бележат просечен пораст од 20,9 отсто. Најголем просечен пораст од над 100 отсто забележан е во продавниците што „Конзум" ги реновираше во согласност со новиот концепт, изјави Дарко Кнез.
Презентацијата е одржана по посетата на „Супер Конзум" во Пула, продавница на „Меркатор" што неодамна е реновирана. Во оваа продавница практично е презентирана примената на малопродажниот стандард на „Конзум" кој ќе биде воведен во целата трговска мрежа, во сите држави каде што работи овој синџир.
Кнез ја искористи можноста да ги најави новите инвестиции на „Конзум" реновирање на центарот „Меркатор" на ул. „Вуковарска" и унапредување на интернет-продавниците на „Конзум".