
Во „Дана“ од Мирна, која оваа година го слави 60. роденден, отворена е нова производствена линија за сокови.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во „Дана" од Мирна, која оваа година го слави 60. роденден, отворена е нова производствена линија за сокови.
Како што известуваат од компанијата линијата е купена од „Тетрапак" и во неа е вложено 2,4 милиони евра. Новата линија овозможува полнење на три различни облици на амбалажа со два чепа, а производствениот капацитет е 7.000 единици на час. Како технолошка предност во компанијата го истакнуваат и цевниот пастеризер кој овозможува пастеризација по кратка постапка.
Ова е најголема инвестиција на „Дана" од 2008 година кога се инвестирани 3,5 милиони евра. Во последните 11 години, откако компанијата е во сопствеништво на Франц Фрелих, во проширување и модернизација вложени се 17 милиони евра.
Директорот на „Дана", Марко Хрен, на конференцијата за новинари рече дека 70 отсто од продажбата се остварува на домашниот пазар, а компанијата најголем извоз остварува во Хрватска, потоа во Словачка, Италија, Русија, Кина и Сад. Нови пазари за компанијата се Швајцарија, Шведска и БиХ.