
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Комитетот на извршни директори на Европската конфедерација на менаџери ЦЕЦ, на седницата одржана во Кан донесе одлука да се прифати кандидатурата на Асоцијацијата на менаџери од Црна Гора за полноправно членство во оваа најстара и најбројна организација од таков вид во Европа.
Комитетот на извршни директори на Европската конфедерација на менаџери ЦЕЦ, на седницата одржана во Кан донесе одлука да се прифати кандидатурата на Асоцијацијата на менаџери од Црна Гора за полноправно членство во оваа најстара и најбројна организација од таков вид во Европа.
Добивањето статус на полноправен член е големо признание за црногорските менаџери и за нивната Асоцијација, што отвора можност за рамноправно делегирање претставници во работата на органите и телата на Европската конфедерација, како и директно поврзување и размена на искуства и деловни идеи со колегите од најголемите европски компании.
Одлуката да добиеме статус на полноправен член, иако Црна Гора сè уште не е член на ЕУ, претставува огромен успех, но тоа значи и поголеми обврски за црногорските менаџери. Тие треба да работат уште понапорно на развојот на професијата и положбата на менаџерот, изјави Будимир Раичковиќ, претседател на Асоцијацијата, во обраќењето кон учесниците на седницата.