
Шест домашни произведувачи на месо и месни производи добија конечна согласност од инспекциските органи за извоз на производи на пазарот во Русија, соопштено е од амбасадата на Црна Гора во Москва, пренесуваат локалните медиуми.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Шест домашни произведувачи на месо и месни производи добија конечна согласност од инспекциските органи за извоз на производи на пазарот во Русија, соопштено е од амбасадата на Црна Гора во Москва, пренесуваат локалните медиуми.

Можност за извоз на производите на големиот пазар добија компаниите „Горановиќ", „Месопромет", „Градина компани", „Интерпродукт", „Нани пром", како и „Пантомаркет".
Ова е официјалната одлука на Федералната служба за ветеринарство и фитосанитарна контрола на Русија што е донесена по прелиминарната согласност од 2012 година, а која подразбира низа чекори за исполнување на неопходните услови, кажа амбасадорот на Црна Гора во Русија, Зоран Јоцовиќ.
Како што се наведува, процедурата за добивање на дозволата е покрената пред три години, а на добивањето на дозволата и претходеше усогласувањето на стандардите.