
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кафе произведено во Црна Гора од овој месец ќе може да се купи во повеќе од 10.000 малопродажни места во САД, соопшти компанијата „Црнагоракооп“ од Даниловград, која го зајакнува присуството на американскиот пазар со нов дистрибутер, со седиште во Њујорк.
Кафе произведено во Црна Гора од овој месец ќе може да се купи во повеќе од 10.000 малопродажни места во САД, соопшти компанијата „Црнагоракооп" од Даниловград, која го зајакнува присуството на американскиот пазар со нов дистрибутер, со седиште во Њујорк.
Пратката со кафе и кондиторски производи на „Црнагоракооп", кои 21 ден патуваа од пристаништето Бар до Њујорк, деновиве ќе бидат дистрибуирани ширум САД, каде што набргу ќе биде испратен и вториот контејнер, велат во компанијата.
Многу години работиме на извозот во САД. Имавме партнер во Чикаго, но тој доцнеше со исплатата и често бараше компензации. Сега најдовме друг партнер, со седиште во Њујорк, кој ја покрива целата земја. Испративме еден контејнер стока и веќе го подготвуваме следниот, вели извршниот директор на компанијата, Недељко Бабиќ.
Покрај кафе и кондиторски производи, американскиот партнер бил заинтересиран и за чоколада од црногорскиот производител, по што фабриката ја разгледува можноста за проширување на производството и за нови вработувања. Производите на „Црнагоракооп" се достапни во регионот на поранешна Југославија, како и во Германија и во Швајцарија.