
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Приказната за Cockta почнува во 1952 година кога вработените во претпријатието „Словенијавино“ почнаа со развој на тајната формула на првиот газиран безалкохолен пијалак во Југославија. Рецептот за Cockta со помош на братот Лео го разви Емерик Зелника. Во 1953 година Cockta се запишува во книгата на Сојуз на патентни агенции во Белград и Агенција за патенти во Берлин.

Приказната за Cockta почнува во 1952 година кога вработените во претпријатието „Словенијавино" почнаа со развој на тајната формула на првиот газиран безалкохолен пијалак во Југославија. Рецептот за Cockta со помош на братот Лео го разви Емерик Зелника. Во 1953 година Cockta се запишува во книгата на Сојуз на патентни агенции во Белград и Агенција за патенти во Берлин.
Името Cockta е изведено од зборот коктел, со оглед на тоа што се работи за мешавина од екстракти на шипка, лимон и други видови лековити растенија.
Студентот по архитектура Сергеј Павлин во 1952 година е ангажиран да ја дизајнира етикетата и шишето на Yugo Cockta. Интересно е тоа што Павлин уште во 1952 година го осмислил постерот на кој се наоѓа поларна мечка што пие Cockta, но предлогот тогаш бил одбиен. Наместо тоа, одобрен е предлогот на дизајнерот Урош Вагај со слика на девојче во жолта маичка, што држи Cockta во рацете, што и денес е еден од заштитните знаци на Cockta.
Во 2012 година Cockta се претстави со нова кампања со „освежено" девојче кое ужива во оваа приказна.