
„Кока-кола ХБЦ“ – БИХ и СФФ го претставија специјалното, лимитирано алуминиумско шише од пијалакот, посвететено на „неодоливото чувство“ што ги поврзува Coca-cola и фестивалот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кока-кола ХБЦ" – БИХ и „Сарајево филм фестивал" (СФФ) го претставија специјалното, лимитирано алуминиумско шише од пијалакот, посвететено на „неодоливото чувство" што ги поврзува Coca-cola и фестивалот.

Дизајнирано да ја слави магијата, која трае веќе 20 години, алуминиумското шише го прикажува црвениот килим и Народниот театар на Сараево во фестивалска атмосфера. Шишето е посебен подарок на „Кока-кола" за СФФ, Сараево и за БИХ по повод годината на два важни јубилеја – дваесетгодишнина од партнерството со Фестивалот, како и четириесетгодишнина од работењето на компанијата во БИХ. Пијалокот во лимитирано фестивалско пакување ќе биде достапен во текот на фестивалот.
Задоволство ни е да придонесеме кон традицијата за создавање на добра слика за БИХ, која го гради „Сарајевски филмски фестивал" повеќе од две децении. Во името на партнерството што го воспоставивме пред дваесет години, како еден од лидерите во маркетиншките иновации во светот, го претставуваме посебното издание на алуминиумското шише, кое го слави ова партнерство, креативноста и уметноста, рече Аднан Топиќ, комерцијален директор и директор за франшизата „Кока-кола".