
Кон средината на септември свечено е отворена новата продавница на трговскиот синџир ЦМ, на ул. „Султан Ахмед“ бб.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон средината на септември свечено е отворена новата продавница на трговскиот синџир ЦМ, на ул. „Султан Ахмед" бб.
Ново отворената продавница се простира на 300 квадратни метри и има околу 10.000 производи, две каси и пет вработени. Засега, ова е 64 продавница ЦМ во БиХ.
Како и секој пат најголема радост донесоа децата кои беа среќни поради дружењето и фотографирањето со маскотите на ликовите пчеличката Маја и бумбарот Паво. Задоволни се и купувачите кои добиваа подароци, играа на тркалото на среќата и имаа можност да купуваат производи по акциски цени, соопштуваат од ЦМ.