
Компанијата „Чипси веј“ од Чачак оваа година го зголеми производството за 103% во споредба со минатата година, а најголем дел од производите е пласиран на странските пазари.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Компанијата „Чипси веј" од Чачак оваа година го зголеми производството за 103% во споредба со минатата година, а најголем дел од производите е пласиран на странските пазари.
Директорот на претпријатието, кое во моментов вработува 85 работници, Томислав Бајевиќ, рече дека се подготвува план за 2015 година и очекува дополнителен пораст за уште 100%.
Резултатот е очекуван и остварен благодарение на квалитетот на компирите, технологијата и пожртвуваноста. Наспроти поплавите успеавме да ги надминеме неочекуваните препреки и да ги оствариме поставените цели, изјави Бајевиќ.
Раководството на компанијата планира да ги стимулира кооперантите, производителите на компири, кој оваа година поради временските неприлики претрпеа големи штети и имаа помали приноси. За таа намена обезбедени се околу 250 хектари.
Бајевиќ објаснува дека претпријатието е одговорно кон потрошувачите и дека нивните производи одликуваат со висок квалитет и поволни цени. Иако се соочуваме со сериозна конкуренција и отежнати услови во работењето, успеавме да пласираме над 70% од производите на странските пазари, пред сè во Грција, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Молдавија, но и во земјите од западна Европа, како Германија, Белгија, Шведска и Унгарија, рече тој.