
Компанијата „Чипс веј“ вгради нова опрема во линијата за снек и за флипс во фабриката во Чачак, со што го стекна статусот на производител со најголем капацитет на производството во Европа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Чипс веј" вгради нова опрема во линијата за снек и за флипс во фабриката во Чачак, со што го стекна статусот на производител со најголем капацитет на производството во Европа.
Во една од производствените хали на компанијата, неодамна почна да работи современа
линија за производство на снек и на флипс, со машина за обликување под притисок од производителот „Шааф", од Германија, со капацитет да произведе 1.000 килограми снек и флипс на час.
Станува збор за фантастични количества за ваков вид лесен производ и, според капацитетот, без конкуренција најголем на нашиот континент. Во договорот за набавка на опремата имаме ексклузивна одредба, според која „Шааф" е обврзан да нè извести ако друг купувач нарача поголем екструдер, изјави генералниот директор на „Чипс веј", Томислав Бајевиќ.
Во истата хала беше поставена и нова линија за производство на пуканки, со капацитет од 300 килограми на час.