
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Цетиње пред три дена се отвори супермаркетот „Рода“, што е прв објект од синџирот на продавници на „Меркатор ЦГ“ во овој град. Новиот објект, што на купувачите им нуди повеќе од 5.000 производи се простира на површина од 650 квадратни метри.
Во Цетиње пред три дена се отвори супермаркетот „Рода", што е прв објект од синџирот на продавници на „Меркатор ЦГ" во овој град. Новиот објект, што на купувачите им нуди повеќе од 5.000 производи се простира на површина од 650 квадратни метри.
Ме радува што „Меркатор" е првиот голем трговски синџир што отвори свој супермаркет во Цетиње и со тоа на граѓаните им понуди најширок избор на производи по поповолни цени. Се надевам дека повеќето од 20 работни места што се отворија ќе бидат само една од позитивните работи што доаѓаат со отворањето на маркетот. Купувачите, во нашиот супермаркет ќе ги очекува љубезен персонал и добра услуга, а верувам дека „Рода" наскоро ќе стане омилено место за купување во Цетиње, истакна Иван Караџиќ, извршниот директор на „Меркатор ЦГ".
Во новиот супермаркет има и сектори за овошје и зеленчук, месара, пекара и топлотека.