
Претседателот на управата на „Пивоварна Лашко“ потпиша договор за продажба на „Раденска“ на чешката компанија „Кофола“ и претпријатието „Полич“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претседателот на управата на „Пивоварна Лашко" потпиша договор за продажба на „Раденска" на чешката компанија „Кофола" и претпријатието „Полич".
Словенечката групација за производство на пиво и минерална вода „Пивоварна Лашко" потпиша купопродажен договор со кој својот удел од 75,31 отсто во „Раденска" го продаде за 52 милиони евра, потврди пиварницата на конференцијата за новинари во Љубљана.
Договорената цена изнесува 13,59 евра за акција, а новите сопственици на „Раденска" се чешката компанија „Кофола" и словенечкото претпријатие P&P во сопствеништво на семејството Полич. Во договорот е наведено дека неговите одредби, вклучувајќи ја и трансакцијата на парите, ќе се изврши во рок од три месеци.
„Кофола" која вработува 700 луѓе, втора е по ред чешка компанија за полнење и продажба на пијалаци, а со купувањето на „Раденска" целта им е да ја зајакнат својата положба во регионот.
„Раденска" годишно продава околу сто милиони литри минерална вода и други пијалаци, а „Пивоварна Лашко", која и покрај продажбата на акциите на „Меркатор" сè уште има високи обврски кон банките, а со добиените средства ќе ја подобрува финансиската состојба.