
Во март, Загреб ќе го добие првиот Центар за претприемништво, кој ќе понуди бесплатна стручна поддршка на претприемачите во бројни сектори од работењето.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во март, Загреб ќе го добие првиот Центар за претприемништво, кој ќе понуди бесплатна стручна поддршка на претприемачите во бројни сектори од работењето.
Во Центарот за претприемништво во Загреб претприемачите ќе можат да добијат конкретни и точни информации за сите проблеми што ги засегаат, ќе можат да се едуцираат и да бидат советувани. Ова ќе биде место за размена на идеи, кое би требало да ја унапреди економската слика за Загреб, изјави за poslovni.hrМирка Јозиќ, раководител на Градскиот оддел за економија, работа и претприемништво.
При отворањето на Центарот, на улицата „Водникова", бр. 12, ќе биде претставена официјалната веб-страница www.plaviured.hr како секојдневна онлајн-поддршка за претприемачите.