
Компанијата „Целјске меснине“ почна еден од најголемите и најзначајните инвестициски циклуси во последните неколку години.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Целјске меснине" почна еден од најголемите и најзначајните инвестициски циклуси во последните неколку години со проширување и модернизација на производството во Целје, на Крас и во Горна Радгона.
Вредноста на вкупните вложувања, кои ќе овозможат и нови вработувања, се проценува на 11 милиони евра.
Деновиве, во Целје почна изградбата на објектот за преработка на колбаси и за подготовка на месо, за што ќе бидат одвоени околу 6 милиони евра.
Компанијата во Локве има погон за преработка на пршута, а за купување на нова технологија и за проширување на капацитетите се планира инвестиција во вредност од 3 милиони евра.
По купувањето на комплексот „Капелске горице", „Целјске меснине" во Горна Радгона поседува околу 100 хектари лозје. Проширувањето на производството на шампањско ќе чини околу два милиона евра.
Во рамките на новиот циклус вложувања, беа вработени 30 работници во Целје, десетмина во Горна Радгона и тројца во Локев. Вкупно, во групацијата „Целјске меснине" вработени се 600 работници, од кои, 400 се во Целје. Минатата година компанијата оствари промет од околу 90 милиони евра, од кои, шест милиони беа профит. За извоз беше пласирано околу 30 отсто од вкупното производство.